Активности



Среда, 13 февруари 2013 година

Средба на пратеникот Павле Трајанов со израелскиот амбасадор, г. Јозеф Амрани

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, г. Павле Трајанов и членот г-ѓа Силвана Бонева, остварија средба со Н.Е. Јозеф Амрани , амбасадор на Државата Израел надлежен за Република Македонија, со седиште во Загреб.

Во своето воведно излагање, г. Трајанов му посака добредојде на амбасадорот во Парламентот, со надеж дека ќе имаат успешни разговори.

Амбасадорот Амрани, во рамките на својата втора посета на Парламентот, искажа благодарност за гостопримството и ги запозна присутните со моменталната политичка состојба во Израел, постизборниот период, како и претстојните предизвици кои им претстојат, меѓу кои формирање на парламентарна група за соработка со Република Македонија, кратење на буџетот и преговори меѓу Израел и палестинските власти.

Господин Трајанов ја истакна важноста парламентарните групи да продолжат со соработката, која треба да се продлабочи и во други области, меѓу кои и економската.

Тој ги истакна добрите политички односи, но од друга страна и недоволната економска соработка и покрај бројните иницијативи. Воедно, ја потенцира отвореноста од македонска страна за сугестии, сè со цел подобрување на бизнис климата.

Госпоѓа Бонева посочи дека македонскиот народ е мирољубив, а еврејската заедница, иако е мала, е високо почитувана во Македонија и е мост на пријателство и соработка помеѓу двете земји.

Click