Активности



Вторник, 17 септември 2013 година

Средба на г-ѓа Радмила Шекеринска со г. Ерки Туомиоја

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, денеска оствари средба со г. Ерки Туомиоја, министер за надворешни работи на Финска. 

Госпоѓа Шекеринска го поздрави присуството на министерот за надворешни работи, г. Ерки Туомиоја и се заблагодари за поддршката која Финска и ја дава на Република Македонија во процесот на интеграција во Европската унија и позитивниот став кој државата го има кон процесот на проширување на Унијата, за што таа напомена дека е од исклучително значење за регинов, особено за Република Македонија.

Во текот на средбата г. Туомиоја изрази интерес за состојбата во медиумите, граѓанскиот сектор, како и за работата и функционирањето на Националниот совет за евроинтеграции.

Click