Активности

Четврток, 27 јуни 2013 година

Триесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесеттата седница, одржана денеска, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (по скратена постапка).

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести членовите дека се поднесени 4 амандмани од пратеникот г-ца Христина Рунчева. Амандманите  беа повлечени од страна на предлагачот.

Комисијата за економски прашања заклучи овој Предлог-закон да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click