Активности



Понеделник, 8 јули 2013 година

Туризмот - најсилната врска меѓу Македонија и Холандија

Туризмот и земјоделството беа во фокусот на средбата помеѓу Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија и Делегацијата на Комисијата за европски прашања од Холандскиот парламент.

Како најсилна врска меѓу двете земји беше посочен туризмот, а клучни за негов развој - добрата реклама, туристичките агенции и тур-операторите.

Холандија воодушевува со организирано и планско земјоделско производство и од тој аспект би била од огромна помош за Македонија, која важи за аграрна земја, има поволна клима, неискористени потенцијали и поволности за инвестирање.

Токму затоа, се спомена евентуална идна поконкретна соработка, во вид на организирана едукација во однос на земјоделството, како и програма за размена на студенти, со оглед на тоа што Холандија го има светски признатиот Универзитет за применети науки.

Гостите, изразувајќи задоволство од гостопримството и присуството на голем број Холанѓани во Македонија, истакнаа дека го следат развојот на нашата земја и проблемите со кои се соочуваме на евроинтегративниот пат и ја поддржуваат кандидатурата. Притоа, ги потенцираа и добрите односи помеѓу Амбасадите на двете земји.

Присутните се согласија дека треба се направат напори за продлабочување на соработката во туризмот и земјоделството, но да се зајакне и парламентарната соработка.

Исто така, пратениците побараа да се разменат искуства во повеќе области со Холандија како долгогодишна членка на Европската унија, која важи за најголем донатор, со континуирана финансиска поддршка за Република Македонија.

 

Click