Активности



Понеделник, 1 јули 2013 година

Започнува Литванското претседателство со ЕУ

Литванија денеска го презеде шестмесечното претседавање со Европската унија. Под слоганот „Кредибилна, растечка и отворена Европа“, оваа балтичка земја ќе има за цел да ѝ помогне на Европа да излезе од економската криза.

Кредибилитетот, растот и отвореноста се приоритетите на кои ќе се фокусира Литванија во наредните шест месеци.

„Денеска е величествен ден. Ова е ден кога честа и одговорноста се неразделни. Со гордост можам да објавам дека Република Литванија ѝ дава значење на својата слобода и е одговорна за благосостојбата не само на Литванците, туку и на сите граѓани на ЕУ и ќе работи за доброто на сите земји од Европа, заедно со другите земји од Унијата", изјави литванскиот премиер, г. Алгирдас Буткевичиус.

Ротационото претседателство со ЕУ, Литванија го презеде од Ирска, токму на денот кога Унијата ја доби својата 28. земја-членка - Хрватска, а на 1 јануари 2014 година ќе ѝ го предаде претседавањето на Грција.

Инаку, Литванија е членка на ЕУ веќе 10 години, но не е членка на еврозоната и ја користи својата валута литас.

Click