Активности



Среда, 25 септември 2013 година

Значајна поддршка од Обединетото Кралство на патот кон евроинтеграцијата

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска оствари средба со баронесата Д'Соуза, лорд, спикер на Горниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

На средбата, покрај претседателот на Пратеничката група, г-ѓа Ермира Мехмети, беа присутни и членовите: г. Илија Димовски, г. Харалампие Шокаровски, г. Горан Сугарески и г-ѓа Станка Анастасова, Н.Е. Јован Донев, амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и Н.Е. Кристофер Ивон, амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

Госпоѓа Ермира Мехмети во своето поздравно обраќање изрази задоволство од посетата и надеж за продолжување на долгогодишната соработка помеѓу двете земји на сите полиња, особено во поглед на парламентарната соработка, како и важноста на поддршката што ја добиваме од Обединетото Кралство на патот кон ЕУ и НАТО интеграцијата.

Баронесата Д'Соуза изрази задоволство за посетата на Собранието, воедно и интерес за работата на Парламентарната група за соработка, за нивните очекувања, настаните од 24 декември, механизмите со кои се служат членовите на Парламентот со цел да ја држат одговорна Владата, како и за системот на одлучување во парламентарната работа.

Присутните се согласија дека оваа посета е значаен сигнал за интересот кој го има Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и континуираната и принципиелна поддршка што ѝ ја дава на Македонија.

Проектите кои Обединетото Кралство ги подржува преку својата амбасада и Вестминстер фондацијата за развој на демократските капацитети на Парламентот се едни од најзначајни во изминатиот период.

Она што останува како предизвик во соработката помеѓу двете земји е учењето на парламентаризмот, плурализмот и демократијата во вистинска смисла на зборот.

Click