Понеделник, 18 ноември 2013 година
Седумдесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 72. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:
- Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законoт за јавните патишта;
- Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законoт за превоз во патниот сообраќај.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Џелал Бајрами, заменик на министерот за транспорт и врски.
Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
Комисијата, без дискусија, едногласно, оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.