Среда, 15 октомври 2014 година
Доделување на државната награда „23 Октомври“
На 23 октомври 2014 година (четврток), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели наградата „23 Октомври“ за 2014 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.