Активности

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  вчерашната Четириесет и шеста седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе овој Предлог на закон.

Click