Активности

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден ја одржа својата Четириесет и седма седница.

Како матично работно тело, Комисијата, во второто читање на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, претресе десет амандмани, поднесени од пратениците: г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Малиша Станковиќ и г. Николче Ацевски. Пет од амандманите беа едногласно усвоени, а пет беа повлечени од страна на предлагачите.

Комисијата го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини по скратена постапка на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click