Активности

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 48. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека по Предлог-законот во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно два амандмани од пратениците: г-ѓа Ленче Николовска, г. Панче Орцев, г. Саве Марачков, г. Горан Сугарески и г. Борче Ставров. Овие амандмани со по 4 гласа „за“ и 6 „против“, не беа усвоени.

Во Дополнетиот предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделското земјиште е вграден еден амандман поднесен и усвоен од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и усвоен од Законодавно-правната комисија.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследи Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште (второ читање), на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click