Активности

Вторник, 29 декември 2015 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 44. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за дополнување на Законот за трговските друштва.

Комисијата водеше претрес по Амандманот за менување на членот 1, поднесен од пратеникот Миле Андонов, кој со еден глас „за“ и шест „против“ не беше усвоен.  

На крајот од расправата, Комисијата за економски прашања го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click