Активности

Среда, 23 септември 2015 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на 44. седница одржана на 21 септември 2015 година, како матично работно тело, во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;
  2. Предлог - закон за изменување на Законот за електронско управување;
  3. Предлог-закон  за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот;
  4. Предлог-закон  за изменување и дополнување на Законот за животната средина;
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање;
  6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај;
  7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба;
  8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај;
  9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем;
  10. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај;
  11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште;
  12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште.

На седницата на Комисијата во својство на поверениците на Владата на Република Македонија присустуваа: г. Југослав Ѓорѓиевски, државниот советник од Министерството за информатичко општество и администрација; г. Стево Темелковски, заменикот на министерот за животна средина и просторно планирање; г. Мартин Оџаклиески, државен советник во Министерството за транспорт и врски; и г-ѓа Елена Атансовска- Ангеловска,г-ѓа  Лилјана Поповиќ, г-ѓа Анета Јорданова, раководители на секторите во Министерството за транспорт и врски. 

Поверениците на Владата во своите образложенија ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

На крајот од расправата, Комисијата констатираше дека горенаведените Предлог-закони се прифатливи и требада се дадат на натамошно читање.

Click