Активности

Понеделник, 28 март 2016 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 44. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделското земјиште.

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Заменик- министерот Костадиновски  ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со Законот.

Претседател  на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Панче Орцев ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваа пратениците Панче Орцев и Љупчо Димовски.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.

Click