Активности

Четврток, 31 декември 2015 година

Четириесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 49. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлог на законот за урбано зеленило - прво читање; поднесен од пратениците Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова Каревска и Павле Трајанов.

Во образложението по Предлог на законот предлагачот Лилјана Поповска ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог на законот учествуваa пратениците: Солза Грчева, Благоја Деспотоски, Лилјана Затуроска и Лилјана Поповска.

На крајот од расправата, Комисијата со два гласа ,,за” и пет  гласа ,,против” заклучи дека Предлог на законот не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Click