Активности

Вторник, 23 август 2016 година

Четириесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 49.седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата, Костадиновски, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија едногласно оцени дека Предлогот на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 

Click