Активности

Среда, 10 февруари 2016 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 48. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за државната статистика (по скратена постапка).

Воведно образложение по Предлог-законот даде министерот за финансии, г. Зоран Ставрески, кој истакна дека со бришење на  сертификатот за познавање на англиски јазик АПТИС (најмалку Б2 ниво), истиот сертификат повеќе не се предвидува како услов кој треба да го исполнуваат кандидатите за функцијата директор или заменик на директорот на Државниот завод за статистика.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието, на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Заменик-членот на Комисијата за економски прашања, г. Беким Фазлиу, предложи Комисијата да поднесе амандман на членот 1. Претставникот на Владата не се согласи со овој предлог.

Во расправата учествуваа пратениците: г. Васко Ковачевски, г. Газменд Алији и г. Орхан Ибраими.

Комисијата со еден глас „за“, пет „против“ и еден „воздржан“ не го усвои предлогот на г. Фазлиу да биде амандман на Комисијата.

Комисијата за економски прашања го проследи Предлогот на закон за изменување на Законот за државната статистика на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click