Активности

Среда, 23 декември 2015 години

Четириесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 48. седница, како матично работно тело по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, поднесен од пратениците Талат Џафери и Зоран Илиоски;
  2. Предлогот на законот за изменување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Лилјана Затуроска, Реџаиљ Исмаили, Рамис Мерко, Драган Данев, Слаѓана Митовска, Благоја Деспотоски, Фатмир Имероски, Ејуп Рустеми и Стојан Миланов;
  3. Предлогот на законот за дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Лилјана Затуроска, Реџаиљ Исмаили, Рамис Мерко, Драган Данев, Слаѓана Митовска, Благоја Деспотоски, Фатмир Имероски, Ејуп Рустеми и Стојан Миланов.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на предлагачите присуствуваше пратеникот Зоран Илиоски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, по Предлог на законите не се поднесени амандмани, од страна на овластените предлагачи.

Во дискусијата по Предлог на законите учествуваа пратениците: Томислав Тунтев, Реџаиљ Исмаили, Лилјана Затуроска, Благоја Деспотоски, Драган Данев, Љубиша Николиќ и Дуфе Кукоски.

По Предлогот на законот за изменување на Законот за градежно земјиште врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието, Комисијата поднесе  и усвои еден амандман кој е вграден во Дополнителниот предлог на законот.

Со амандманот се предвидува одредбата од членот 91 од Законот за градежно земјиште, која го уредува начинот на посебните случаи за стекнување на право на сопственост на градежно земјиште по пат на трансформација, со признавање на договори склучени со поранешен сопственик пред повеќе од 20 години да отпочне со примена веднаш, со донесување на овој закон.

На крајот од расправата, Комисијата горенаведените Предлог на закони, ги проследи на натамошна постапка во Собранието.

Click