Активности

Вторник, 12 јули 2016 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 48. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, пратеникот Никола Мицевски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија, го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click