Активности

Понеделник, 30 ноември 2015 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за економски прашања 

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Четириесет и првата седница, одржана на 23 ноември 2015 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година.

Комисијата за економски прашања во расправата по Извештајот главно се  осврна во делот на поглавјата кои се во нејзина надлежност: Слободно движење на стоки, Право на основање и слобода на давање услуги, Право на трговски друштва, Право на интелектуална сопственост, Политика на конкуренција, Енергетика, Статистика, Претпријатија и индустриска политика и Заштита на потрошувачи и здравствена заштита 

Во претресот учествуваа пратениците: Марјанчо Николов, Крсто Мукоски, Панче Орцев, Газменд Алији, Миле Андонов, Лилјана Кузмановска и Реџаиљ Исмаили.

Комисијата за економски прашања го проследи Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click