Активности

Вторник, 25 август 2015 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија,  на денешната 41. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот - I читање;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај - II читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа заменикот на министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски и заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Господин Темелковски во образложението по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска и г. Рамиз Мерко, како и заменик-министерот Темелковски.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно констатираше дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, заменик-претседателот на Комисијата, г. Рамиз Мерко, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од страна на овластените предлагачи.

Комисијата за транспорт, врски и екологија го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.  

Click