Активности

Вторник, 23 февруари 2016 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 41. седница одржана, како матично работно тело во скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи;
  2. Предлог - закон за изменување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој;
  3. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата;
  4. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
  5. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство;
  6. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура;
  7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вршење земјоделска дејност;
  8. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата;
  9. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за виното,;
  10. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за шумите;
  11. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја;
  12. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата;
  13. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште;
  14. Предлог -  закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделски задруги;
  15. Предлог – закон за изменување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство;
  16. Предлог - закон изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи;
  17. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната;
  18. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за сточарството.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик-министерот, Костадиновски ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законите.

Комисијата, без дискусија ги проследи Предлог- законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click