Активности

Петок, 4 декември 2015 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 47. седница, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти;
  2. Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за градење;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија го разгледаа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и водеа претрес по амандманите поднесени од овластените предлагачи.

Во изготвениот Дополнет предлог на законот вградени се два амандмани усвоени од страна на комисиите.

Во однос на Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за градење претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани од страна на овластените предлагачи.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваше пратеникот Томислав Тунтев. 

На крајот од расправата, Комисијата Предлог-законот го проследи на натамошна постапка во Собранието. 




Click