Активности

Среда, 6 јули 2016 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 47. седница, како матично работно тело, во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците Љупчо Димовски и Соња Талевска. 

На крајот, Комисијата со 5 гласа „за“ го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство (прво читање) и оцени дека Предлогот на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click