Активности

Вторник, 27 октомрви 2015 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 46. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство присуствуваше директорот Горан Јандреоски.

Претставникот на Агенцијата за цивилно воздухопловство го образложи Предлог за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година.

Во дискусијата по Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година учествуваa пратениците Томислав Тунтев и Лилјана Затуроска.

Комисијата едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија да донесе Одлука за давање согласност на Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година.  

Click