Активности

Петок, 1 април 2016 година

Четириесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 43.седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, (поднесен од пратениците Стефан Богоев, Љубиша Николиќ, Марјанчо Николов, Ален Георгијев, Јагода Шахпаска, Мира Стојчевска, Панче Орцев, Сашо Поцков, Милева Ѓоргиева, Горан Сугарески, Васко Ковачевски, Томислав Тунтев, Биљана Настеска, Јован Митрески, Јулијана Силјановска, Стојко Пауновски, Горан Мисовски и Љубомир Јосифовски).

Воведно образложение по поднесениот Предлог на закон даде претставникот на предлагачите, пратеничката Мира Стојчевска. Таа ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Со предложеното законско решение се предлага услуги за извршување на стручни работи од областа на шумарството покрај Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми ,,Македонски Шуми” да даваат и стручни лица кој имаат лиценца за вршење на стручни работи на шуми во приватна сопственост. На тој начин државата ќе обезбеди неопходни услови за конкуренција, подобар квалитет на услуги, пониски цени и конкурентност помеѓу субјектите на пазарот, а со тоа и подобра услуга за сопствениците на приватните шуми.

Во дискусијата по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите учествуваа пратениците: Љупчо Димовски, Панче Орцев, Сашо Поцков и Мира Стојчевска. 

На крајот од претресот, Комисијата со три гласа „за“, пет гласа „против“ и еден глас „воздржано“ оцени дека Предлогот на законот не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Click