Активности

Понеделник, 9 ноември 2015 година

Четириесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на денешната 40. седница, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлог на закон за занаетчиство;
  2. Предлог на закон за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство;
  3. Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија на Предлог-законите не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата, горенаведените Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието.

Click