Активности

Петок, 21 август 2015 година

Четириесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 40. седница одржана на 21 август 2015 година, како матично работно тело, по скратена постапка ги разгледа:      

  1. Предлог-закон  за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот;
  2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување;
  3. Предлог-закон  за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата;
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за генетски модифицирани организми;
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за водите;
  6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина;
  7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори;
  8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема;
  9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух;
  10. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за планински патеки;
  11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини;
  12. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за внатрешната пловидба;
  13. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за домување;
  14. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за жичари и ски-лифтови;
  15. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за поштенските услуги;
  16. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за сигурност во железничкиот систем;
  17. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за интероперабилност во железничкиот систем;
  18. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за јавна чистота;
  19. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води;
  20. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности;
  21. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше министерот за животна средина и просторно планирање, г. Нурхан Изаири.

Претседателот на Комисијата за ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законите.

Комисијата за транспорт, врски и екологија, Предлог-законите по скратена постапка ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.    

Click