Активности

Четврток, 18 февруари 2016 година

Четириесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 40. седница одржана на ден 16 и 18 февруари 2016 година, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлог законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој (прво читање); поднесен од пратениците: Рената Дескоска, Софија Куновска, Стефан Богоев, Лидија Димова, Петре Шилегов, Љубиша Николиќ, Благоја Стојановски, Марјанчо Николов, Ален Георгијев, Јагода Шахпаска, Миле Андонов, Мира Стојчевска, Хари Локвенец, Панче Орцев, Бетиане Китев, Сашо Поцков, Милева Ѓоргиева, Горан Сугарески, Марјан Даскаловски, Васко Ковачевски, Томислав Тунтев, Билјана Настеска, Јован Митрески, Јулијана Силјановска, Стојко Пауновски, Горан Мисовски, Љубомир Јосифовски, Соња Мираковска, Горан Милевски, Дуфе Кукоски, Енес Ибрахим.

Во дискусијата по Предлог законот учествуваа пратениците: Панче Орцев, Мира Стојчевска, Милева Ѓорѓиева, Сашо Поцков и Љупчо Димовски. 

На крајот Комисијата, со 3 гласа „за“ и 5 гласа „против“ оцени дека Предлогот на законот не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Click