Активности

Втроник, 2 декември 2014 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 14. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

На седницата на Комисијат,а во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ниметула Хаљими, заменик на министерот за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлог-законот.

Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click