Активности

Среда, 3 септември 2014 година

Четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 4. Седница, одржана на 26 август и 2 септември 2014 година (прво продолжение) како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за возила;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва;
  4. Годишниот Извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година.

Во својство на повереници на Владата на Република Македонија на седницата присуствуваше и образложение за потребата од донесување на Предлог-законите даде Снежана Петковска, раководител на сектор во Министерството за економија. 

Претседателот на Комисијата, Љупчо Димовски даде целосна поддршка на предложените измени и дополнувања на Законот за возила.

Посебно се осврна на членот 5 од предложениот закон со кој се дава можност на сопствениците на трактори и тракторски приколки предлозите за легализација до основните судови да ги поднесат до 31 декември 2014 година. Со тоа ќе се овозможи легализацијата на тракторите и тракторските приколки да опфати поголем број сопственици кои го немаат решено сопственичкиот статус, имајќи ги притоа предвид и барањата на земјоделците до ресорното министерство за пролонгирање на рокот за легализација. Во контекст на ова, ресорното министерство во соработка со Техничкиот факултет од Битола изработи Студија за состојбата со земјоделската механизација со препорака за дефинирање на соодветен рок за легализација.

Претседателот на Комисијата, Љупчо Димовски истакна дека со предложените решенија во Законот за трговските друштва ќе се овозможи прецизирање во делот на утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во друштвото со ограничена одговорност, како и во акционерските друштва.

Во својство на претставник на предлагач на седницата присуствуваше претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика, г. Димитар Петров, кој даде пошироко образложение на Годишниот Извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година. Беше нагласено дека Годишниот извештај е содржаен, прецизно се дадени активностите на Комисијата остварени согласно со Законот за енергетика, преглед на сите активности со посебен осврт на цените, тарифите и сите постапки коишто се донесени во текот на 2013 година, преглед на сите активности во поглед на материјално финансиското работење, како и сите домашни и меѓународни активности. Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година содржи детални информации за материјално - финансиското работење. 

На крајот од расправата, Комисијата, едногласно го усвои Годишниот извештај и заклучи дека горенаведените Предлог-закони во прво читање се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање

Click