Активности

Вторник, 26 август 2014 година

Четврта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања, со која претседаваше  заменик-претседателот на Комисијата, Нора Алити, денеска ја одржа Четвртата седница.

На седницата се расправаше по две точки од дневниот ред и тоа за Предлог  законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија и Предлог законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство во прво читање.

Во врска со Законот за превенција спречување и заштита од семејно насилство, во расправата имаше повеќе дискусии, во кои позитивно беа оценети предложените решенија во законот, а кои се во насока на поголема превенција и заштита на жртвите на семејното насилство во земјата.

По расправата, по точките беа усвоени заклучоци со кои се констатира дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање, од  аспект на нивната усогласеност со правото на ЕУ.

Click