Активности

Понеделник, 15 септември 2014 година

Четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 4. Седница, одржана на 11 септември 2014 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот нуспроизводи од животинско потекло;
  2. Предлогот на законот за заштита и благосостојба на животните;

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на повереник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Повереникот на Владата, г. Рунтевски, ја нагласи потребата од донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите. 

Во дискусијата по Предлог на законите учествуваа пратениците: Љупчо Димовски, Никола Мицевски, Ромео Тренов, Марија Ангелова, Сашо Василевски, Лилјана Поповска и Олга Најденовска.

На крајот од расправата, Комисијата, оцени дека Предлог на  законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click