Активности

Вторник, 4 ноември 2014 година

Десетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 10. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа: 

  • Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, г. Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлог-законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваше пратеникот Љупчо Димовски.

По расправата, Комисијата го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click