Активности

Вторник, 17 март 2015 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 24 седница, како матично работно тел, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање поднесен од пратениците: Лилјана Затуроска и Олга Најденовска.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Членот на Комисјата Лилјана Затуроска во име на предлагачите на Предлогот на законот ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Пратеникот Рамис Мерко даде подршка на Предлог законот и истакна дека има добра правна основа и е во функција на просторно урбанистичко планирање на градовите во Република Македонија.

Со измените му се дава поголем простор на сите институции кои ке ги користат градбите со оглед на тоа што  станува збор за градби со намена за социјална и здравствена заштита и градби со намена  групно домување во функција на образование.

На крајот од расправата, Комисијата, Предлог на законот го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Click