Активности

Четврток, 7 мај 2015 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија,  на денешната 29. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2014 година;
  2. Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2014 година;
  3. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година;
  4. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај- I читање.

На седницата на Комисијата присуствуваше директорот на Агенцијата за пошти, г. Влатко Атанасоски, кој го образложи Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2014 година.

Во дискусијата учествуваше пратеникот Фатмир Имероски.

Комисијата со 7 гласа „за“ и еден „против“ му предложи на Собранието да го усвои следниот Заклучок:

1. Собранието го разгледа Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2014 година.

2. Овој заклучок заедно со извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Агенцијата за пошти и Владата на Република Македонија.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на ЈРП Македонска радио телевизија, присуствуваше претседателот на Програмскиот совет на МРТ, г-ѓа Снежана Клинчарова, која го образложи Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2014 година.

Во дискусијата учествуваа пратениците: Љубица Буралиева, Лилјана Затуроска, Слаѓана Митоска и Благоја Деспотоски.

Комисијата со 6 гласа „за” му предложи на Собранието да го усвои следниот Заклучок: 

1. Собранието го разгледа Годишниот извештај за работата на  Македонската радио телевизија за 2014 година;

2. Овој заклучок заедно со извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Македонската радио телевизија и Владата на Република Македонија.

Во својство на претставник од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на седницата присуствуваше директорот, г. Зоран Трајчевски, кој го образложи Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.

Во дискусијата учествуваше пратеникот Фатмир Имероски.

Комисијата со 6 гласа „за“ му предложи на Собранието да го усвои следниот Заклучок: 

1. Собранието го разгледа Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.

2. Овој заклучок заедно со извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Владата на Република Македонија.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиески.

Во образложението по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, тој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по овој Предлог-закон учествуваа пратениците Ејуп Рустеми и Стојан Миланов.

Комисијата за транспорт, врски и екологија со 7 гласа „за“ констатираше дека Предлогот на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click