Активности

Четврток, 18 јуни 2015 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и осма седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за градежните производи; 
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување  на Законот за електронска трговија; 
  3. Предлог-законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по трите Предлог-закони не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click