Активности

Вторник, 28 април 2015 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 28. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти - I читање;
  2. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година;
  3. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2014.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиевски.

Во образложението на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата учествуваа пратениците: г. Рамис Мерко, г-ѓа Лилјана Затуроска и г-ѓа Силвана Бонева. 

На крајот од расправата, Комисијата со 5 гласа „за“, еден „против“ и еден „воздржан“ констатираше дека овој Предлог на закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година го образложи директорот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, г. Никола Костадиновски, а во дискусијата учествуваа пратениците г. Благоја Деспотовски и г-ѓа Лилјана Затуроска.

Комисијата со 7 гласа „за“ му предложи на Собранието да донесе Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за електронски комуникации, присуствуваше г-ѓа Гордана Клинчарова, претседател на Комисијата. 

Таа го образложи Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2014, а во дискусијата учествуваа пратениците: г. Благоја Деспотовски, г. Фатмир Имероски, г. Алим Билали и г-ѓа Силвана Бонева.

На крајот од расправата, Комисијата со 6 гласа „за“ му предложи на Собранието да го разгледа Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.   

Click