Активности

Среда, 1 јули 2015 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 28. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа:

 Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click