Активности

Вторник, 24 март 2015 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 25. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиески и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, поднесен е еден амандман од пратениците г. Рамис Мерко и г. Муса Ибраими, кој со 2 гласа „за“ и 5 „против“ не беше усвоен, додека по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, не беа поднесени амандмани.

Комисијата ги проследи двата Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click