Активности

Среда, 3 јуни 2015 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 25. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата пратеникот Роме Тренов ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.

Click