Активности

Вторник, 11 ноември 2014 година

Дваесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на  денешната 21. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка.

Воведно образложение по поднесениот Предлог на закон даде  заменикот на министерот за финансии, г. Ардиан Џељадини. 

Тој истакна предложените изменувања и дополнувања на Законот за Царинската управа имаат за цел усогласување на Законот за Царинската управа со Законот за административни службеници  во делот на класификација на работни места на царински службеници,  потребното работно искуство во струката и усогласување во делот на престанок на работен однос на начин што е превземена  одредбата од членот 98 став 5 алинеја 3 од Закон за административни службеници. Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе  отпочне  да се применува со денот на отпочнувањето на примената на Законот за административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14), освен одредбата од членот 6 на овој закон, која ќе отпочне да се применува со денот на  влегувањето во сила на овој закон.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи. 

Во расправата учествуваше пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев. 

На крајот од расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.

Click