Активности

Среда, 17 јуни 2015 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 27. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Јане Новачков, повереник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г-ѓа Соња Талевска, г. Ромео Тренов и г. Љупчо Димовски. 

На крајот од расправата, Комисијата едногласно оцени дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click