Активности

Понеделник, 6 април 2015 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 26. седница, како матично работно тело, ги разгледа:
  1. Предлог-годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година;
  2. Предлог-годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2015 година.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство, присуствуваше директорот, г. Горан Јандреоски, кој ги образложи двете точки.

Комисијата со 7 гласа „за“ му предложи на Собранието на Република Македонија да ја донесе одлуката за давање согласност на Предлог-годишната програма за работа и развој и Предлог-годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2015 година.
Click