Активности

Понеделник, 14 декември 2015 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска ја одржа 23.седница на чиј дневен ред беше разгледувањето на Наративниот преглед на степенот на реализацијата на  ревизијата на НППА-та за 2015 година.

Со седницата претседаваше претседателот на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети, која  појасни дека целта е да се направи еден пресек на реализираното на Ревизијата за 2015 година на НПАА-та, а во  пресрет на подготовката на  Ревизијата на Националната програма за 2016 година.

НПАА-та останува да биде клучниот документ и водилка на процесот на интеграцијата во ЕУ, бидејќи ja одразува динамиката на усогласувањето на националното законодавство со европското, како и прилагодувањето на националните институции кон европските административни структури.

Од  Секретаријатот за европски прашања, државниот секретар, г-ѓа Блажеска, даде поопширни информации за степенот на  реализацијата на Ревизијата на Националната програма за 2015 година, како и за подготовките за финализирање на Ревизијата на НПАА-та за 2016, која е во владина постапка, по што ќе биде доставена и во Собранието.

Во расправата учествуваше пратеникот г. Кенан Хасипи, кој укажа на потребата за интензивирање на процесот на усогласување на македонското со европското законодавство во сите сфери, за што е потребно да се даде дополнителен импулс од страна на ЕУ, преку давање на датум за почеток на преговорите за ЕУ членство.

Во врска со точката од дневниот ред, Комисијата ги усвои следните заклучоци

  1. Комисијата  го  разгледа и го  прифати Наративниот преглед за степенот на реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2015 година, за  трет квартал; 
  2. Извештајот од расправата и Наративниот преглед за степенот на реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2015 година, за  трет квартал, да се достават до пратениците на Собранието на Република Македонија, во електронска верзија, за нивно информирање.
Click