Активности

Понеделник, 20 април 2015 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и втора седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони (во второ читање).

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Предлогот на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Click