Активности

Вторник, 18 ноември 2014 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 22. седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки;
  3. Предлог-законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет,  чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци;
  4. Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување за Законот за користење и располагање со стварите на државните органи;
  6. Предлог-законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки.
Беше истакното дека заложба на Владата на Република Македонија со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е категоријата на граѓани пензионери кои добиваат пензија од други држави да имаат пристап до системот на осигурување на Република Македонија. Не се предлага воведување на нови даночни обврзници за плаќање на данок, туку намалување на висината на придонесите од 13% на 7,3%. Со ваквата мерка ќе се стимулираат пензионерите кои добиваат пензии од други држави да плаќаат здравствено осигурување во Република Македонија.

Во претресот учествуваа пратениците: Каљтрина Азизи, Драган Цуклев, Сашо Аќимовски, Сашо Василевски и Крсто Мукоски.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието, на Предлог-законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, беа поднесени и усвоени вкупно пет амандмани, додека по останатите Предлог-закони не беа поднесени амандмани од областените предлагачи.

На крајот од расправата, Комисијата ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието.

Click