Активности

Среда, 6 мај 2015 година

Дваесет и втора  седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 22. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата на Република Македонија, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседавачот на Комисијата, г. Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваше пратеникот Љупчо Димовски.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click