Активности

Среда, 8 април 2015 година

Дваесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  вчерашната Дваесетта седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони (во прво читање). 

Воведно образложение по Предлог-законот даде заменикот на министерот за економија, г. Христијан Делев. 

Тој истакна дека во Република Македонија со Законот за технолошки индустриски развојни зони се уредуваат погодностите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони, условите, начинот и постапката за основање, развој и работење на технолошките индустриски развојни зони, дејности кои се вршат во технолошко индустриските развојни зони и посебните услови за нивно вршење, примена на царински прописи, како и престанок на работа на технолошките индустриски развојни зони и на корисникот на технолошките индустриски развојни зони. 

Со оваа измена на Законот, се враќа претходното законско решение, односно пред донесувањето на последните измени на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Во претресот учествуваа пратениците: г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Љупчо Димовски, г. Крсто Мукоски и г. Газменд Алији. 

Комисијата, со шест гласа „за“ и еден „воздржан“, заклучи дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.           

Click