Активности

Четврток, 29 јануари 2015 година

Дваесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 20. седница, одржана на 27 јануари 2015 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Годишниот извештај за работата за 2013 година на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор;
  • Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година;
  • Извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување за период 1 јули - 31 декември 2014 година.

На седницата на Комисијата, присуствуваа директорот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, г. Никола Костадиновски и г. Ќерим Зимери, член на Регулаторната комисија за домување, кои ги образложија горенаведените точки.

Комисијата со 8 гласа „за“ му предложи на Собранието да донесе Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работата за 2013 година и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година.

Во однос на Извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување за период 1 јули - 31 декември 2014 година, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, потенцираше дека за првпат на Комисијата се разгледува ваков Извештај, од причина што на овој начин се овозможува информирање на јавноста за тековните активности што се преземаат во оваа област.

Во дискусијата учествуваа пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска и г. Стојан Миланов, како и г. Ќерим Зимери.

Click